Услови за е-трговија на www.wellnessapteka.mk
1. Услови и правила
• Цените на сите производи на www.wellnessapteka.mk се изразени во денари (МКД). Во цената е изразен и износот на ДДВ.
• Аптека Велнес го задржува правото еднострано да изврши промена на цените, без известување за корисниците.
• Количините на производите сѐ на залиха и во ограничени количини. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде недостапна/откажана поради исцрпување на залихите. Доколку одредена понуда стане недостапна, Аптека Велнес ќе го откаже купувањето и ќе Ве извести преку е-маил.
• Купувачот може да избере и купи еден или повеќе производи од понудата.
• Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.
• Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, со нејзино потврдување.
• При секоја нарачка, задолжително треба да се пополни формуларот за испорака (податоците за контакт, адреса за испорака, телефонски број и слично).
• Купувањето може да се оствари со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro. Банкарските платежни картички задолжително треба да поседуваат CVV2/CVC код. Имајте во предвид дека одредени домашни банки ги немаат одобрено сите свои картички за онлајн купување. Доколку не сте сигурни за Вашата картичка, Ви препорачуваме да се обратите кај банката издавач на картичката во врска со детали околку онлајн плаќањето.
• Трансакцијата односно, наплатата на нарачката се врши преку банкарски пат. Податоците од платежната картичка се внесуваат директно на онлајн 3D безбедносната платежна платформа и не е потребен било каков пренос на податоци од наша страна.
• По потврдата на Вашата нарачка, ќе Ви биде испратен e-mail (автоматска порака за потврда на нарачка) на е-адресата која ја имате наведено во формуларот. Пораката содржи и автоматски генерирана фактура.
• Доколку ја имате избрано опцијата плаќање при достава, плаќањето на вкупната сума на фактурата се врши во моментот кога ќе ја примите нарачката.
• Со секоја пратка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката.
• При евентуални технички проблеми со веб-страницата, Аптека Велнес има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување. Во таков случај, немаме обврска да извршиме било какво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
2. Политика на испорака
• Испораката може да се спроведе исклучиво на територијата на Република Северна Македонија и истата се остварува преку надворешни соработници за испорака и достава.
• Производите кои купувачот ги нарачува преку www.wellnessapteka.mk, ќе бидат доставени до купувачот на начин кој тој го одбрал при комплетирање на нарачката.
• Трошоците за испорака (достава) не се вклучени во цената на нарачката (освен ако поинаку не е предвидено во понудата) и истите во целост ги плаќа купувачот при приемот на пратката.
• Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака на купувачот.
• Во согласност со нашите можности и процедурата на доставувачите, производот ќе Ви биде доставен во најбрз можен рок.
• Доколку нарачката е направена во сабота, недела или во неработен ден, процедурата започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се засметуваат викендите и неработните денови.
• Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Аптека Велнес не може да превземе било каква одговорност.
• Доколку компанијата за испорака не успее да го пронајде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка.
• Секој купувач е должен при преземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.
• Доколку производот е испорачан со видливо надворешно оштетување, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш но, не подоцна од 24 часа од приемот бидејки во спротивно, сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот нема да бидат прифатени. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
• Евентуалниот приговор треба веднаш да биде упатен преку телефонскиот број или е-маил на Аптека Велнес и кај лицето кое ја врши испораката.
3. Политика на враќање и замена
• Доколку сакате да поднесете барање за враќање на производ кој Ви е веќе доставен, осигурете се дека производот е во своето оригинално пакување и истиот не е користен, отворен или оштетен.
• При случај на поднесување на барање за враќање на производ кој Ви е веќе доставен, Вие се согласувате да ги сносите трошоците за испорака на производот до потребната локација на продавачот или сами да го доставите производот до адресата на продавачот.
• Доколку купувачот го враќа производот не по вина на продавачот и сака да му се врати уплатената сума, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт и банкарските административни трошоци за процесирање на трансакцијата за поврат на средствата.
• Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 (седум) дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот заедно со целокупната друга пропратна документација која на купувачот му била издаденa заедно со производот.
• Рефундации на средства за вратени производи се вршат по приемот на вратениот производ на потребната назначена локација на продавачот, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција.
• Купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 (петнаесет) дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, доколку е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, заедно со целокупната друга пропратна документација која на купувачот му била издаденa заедно со производот. Трошоците за достава на производот кој се заменува до продавачот, ги сносува купувачот во целост.
• Доколку во моментот на поднесувањето на барањето за замена продавачот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), купувачот може да побара враќање на паричен износ. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција.
4. Подршка на корисници
• За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонскиот број ———————– кој е достапен во периодот од — часот до —– часот или преку нашиот e-mail ————————–.
Последно ажурирање: 10/08/2022 година